Маж од Арачиново нападнал полицајци кога му рекле дека ќе му поднесат пријава затоа што нема возачка дозвола

by fokus

39-годишен маж од село Арачиново нападнал полициски службеници на крстосницата за влез во село Липково, кумановско откако му рекле дека ќе му поднесат соодветна пријава затоа што не поседувал возачка дозвола и затоа што возилото не било регистрирано.

С.С. бил пресретнат од сообраќајната полиција вчера во 18.00 часот во патничко возило „Ровер“, поради контрола и легитимирање. При контролата двајцата полициски службеници утврдиле дека возачот не поседува возачка дозвола и дека возилото не било регистрирано.

Кога му соопштиле дека за овие прекршоци ќе му биде поднесена соодветна пријава, С.С. почнал да ги навредува, да им се заканува и да ги влече за униформите полициските службеници.

С.С. бил приведен во Полициското одделение Матејче, а по целосно документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Поврзани новости