91 возач вчера казнети поради возење под дејство на алкохол

by fokus

Вкупно 91 возач е санкциониран синоќа поради возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Акцијата е спроведена синоќа од 21 од 03 часот на територијата на целата држава.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта., апелира МВР.

Поврзани новости