Жителите на општина Богданци утре ќе се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот за катоден бакар Казандол.
Право на глас имаат околу 7.000 лица запишани во Избирачкиот список, кои ќе гласаат на 12 избирачки места. Граѓаните ќе се изјаснат дали се за да се стопира или не изградбата на рудникот Казандол и за тоа дали би дозволиле експлоатација на каква било руда во иднина во границите на оваа општина.
Според законските одредби, за да биде рферендумот успешен треба да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи. Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.
На 18 јуни референдум ќе се одржи и во Дојран. И жителите на оваа општина ќе треба да одговорат на истите прашања.