80 новинари низ светот се убиени оваа година

by fokus

Најмалку 80 новинари се убиени низ светот оваа година за време на работен ангажман, објави денеска невладината организација „Репортери без граници“.

Повеќе од половина се убиени во Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија, наведено е во извештајот.

Според податоците, 15 новинари се убиени во Авганистан, 11 во Сирија, девет во Мексико, осум во Јемен и шест во Индија. Во извештајот се наведува дека шест новинари настрадале во САД.

Поврзани новости