Со низа свечености денеска ќе биде одбележана 71 година од ослободувањето на град Скопје. Прво, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ќе оствари средба со членовите на градскиот одбор на Сојузот на борците на НОВ.
Потоа, делегација од градот и владина делегација ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на Генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на ослободителите на градот, кој се наожа на платото пред Владата на РМ.
Исто така, вечерва во фоајето на „Македонската опера и балет“ свечено ќе бидат доделени наградите „13 ноември. Овој настан ќе биде проследен со отворањето на изложба на која ќе бидат презентирани ликовни дела создадени на меѓународната ликовна колонија „Скопје 2015“.