70-годишен скопјанец тешко повреден во сообраќајка

by fokus

70 годишен скопјанец се здобил со тешки телесни повреди, откако бил повреден во сообраќајка, која се случила на крстосница од ул. „Борис Сарафов“ и „Крсто Јакоски“.

„На 24.08.2018 година околу 11,45 часот во Скопје на крстосница од улица „Борис Сарафов“ и улица „Крсто Јаковски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо темпо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(26) од Скопје, и моторцикл „Томос“, исто така со скопски ознаки, управуван од Д.А.(70) од Скопје. Д.А. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости