Шилегов апелира: Имаме малку корпи за отпадоци, но ве молам користете ги

by fokus 10:35
10:35

Во текот на вчерашниот ден се појавија фотографии од ѓубре разлетано на сите страни, во близина на Градскиот парк во Скопје. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска се соочи со истата слика и апелираше да се користат корпите за отпадоци.

„Скопје какво што не го заслужуваме !!!

- Advertisements -

Секој треба да води грижа за градот. Молба до граѓаните, котистете ги корпите за отпадоци. Во моментов се малку, но сепак, подобро е ѓубрето да е во нив“, порача Шилегов.

Овој простор од градскиот парк е познат како „сепариња“, а млатата популација ги користи овие клупи најчесто за вечерна дружба. Но, сликата што ја оставаат позади себе, не е воопшто пријатна и очигледно е дека мора да поработат на хигиената и да проработи совеста.

Поврзани новости