62 отсто од граѓаните на Западен Балкан се за членство во ЕУ

by fokus

Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка.

Според „Барометарот“ на јавното мислење, кој е спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, има подобрување во 46 точки, за разлика од 2020 година, кога биле 45. Додека,  според „Балкан Бизнис Барометар 2021“ кој е спроведен помеѓу 1.200 компании во шест економии од Западен Балкан, има намалување од 65 во 2020-та година на 46 во 2021.

Овогодинешниот барометар, спроведен помеѓу 6.000 граѓани од регионот, покажува и дека поддршката за членство во Европската Унија е зголемена на 62 проценти. Исто 62 отсто од испитаниците од Западен Балкан се чувствуваат сигурно во однос на зачувувањето на работното место во наредната година, што претставува намалување од седум проценти во однос на 2020 година.

Најголем дел од испитаниците, вкупно 43 проценти, ја посочиле Европската Унија како најзаслужна за поддршка на нивната економија, потоа Кина со 14 проценти, Турција со девет проценти и другите економии од Западен Балкан и Русија се на четврто место со седум проценти.

Патувањето само со валиден документ за идентификација за 61 процент од бизнисите во Западен Балкан претставува придонес за нивниот, а 30 проценти од бизнисите во регионот попрво би вработиле маж отколку жена, додека 56 отсто немаат никакви преференции. Кога станува збор за изедначувањето на платите помеѓу мажите и жените кои ја работат истата работа, 57 проценти од анкетираните сметаат дека тоа може да придонесе кон родовата еднаквост на работното место.

Поврзани новости