Заев: Пред Преспанскиот договор за светот бевме Фиромци

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања изнесе тврдење дека пред Преспанскиот договор во светот сме биле нарекувани Фиромци, а сега сме нарекувани Македонци.

-Пред Преспанскиот договор дома бевме Македонци, ама во светот бевме Фиромци. Кога играше фудбалската репрезентација на екраните стоеше ФИРОМ, сега стои МКД. Северна Македонија и кодот МКД. И вие самите кажувате дека во Преспанскиот договорот се опишани придавки „македонско“ и Македонци. Фиромци бевме за целиот свет, сега сме Македонци. Тоа е голема разлика, тврди Заев.

Поврзани новости