52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

by Фокус

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 52 година од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Официјални делегации и претставници на институции утрово на Градските гробишта во Бутел положија цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Обединетите нации веднаш по катастрофата презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. Во времето кога екипи стручњаци на ОН почнаа да пристигнуваат во Скопје, во седиштето на меѓународната организација беше речено дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност.

Поврзани новости