Повторно одложено рочиштето во случајот „Поткуп“ против Заев

by Фокус

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во чии рамки лидерот на опозицијата и градоначалник на Струмица Зоран Заев е обвинет за примање поткуп од 200.000 илјади евра за приватизација на земјиште, е одложено по вторпат.

Основниот суд Скопје 1 одлучи рочиштето да се презакаже за 21. април, бидејќи ниту еден од адвокатите кои се одбраната на Заев не бил во можност да присуствува поради патувања во странство.

Според обвинителството, Заев од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, а притоа една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Поврзани новости