Денеска МИМ ја доделува наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

by Фокус 09:46
09:46

Денеска во 11 часот во хотелот „Холидеј Ин“, Македонскиот институт за медиуми по 15-ти, јубилеен пат ќе ја додели Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината „Никола Младенов“. 

На годинешниот конкурс се пријавија 20 автори и тимови на новинари истражувачи, со вкупно 37 стории обработени во 97 текста/прилози објавени во дневните весници, на телевизиите и на Интернет порталите.

- Advertising -

Наградата се доделува од 2001 година, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Медиумската промоција на конкурсот оваа година беше помогната од дневните весници „Утрински весник“, „Слободен печат“ и „Коха“

Поврзани новости