50 милиони денари за поддршка на печатени медиуми

by fokus

Портпаролот на Владата на РМ, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција, најави дека печатените медиуми ќе добијат поддршка од 50 милиони денари од Владата.

„Сметаме дека печатените медиуми се основа на новинарската професија и во голем број земји од ЕУ постои ваков вид на поддршка кон печатените медиуми. Вкупниот буџет за печатените медиуми изнесува 50 милиони денари. За оваа програма, министерот Роберт Поповски заедно со Асоцијацијата за печетани медиуми утре ќе ги изнесат деталите од програмата“, вели Бошњаковски.

Поврзани новости