5.000 евра за кучињата скитници во Кавадарци

by Fokus
Општина Кавадарци од буџетот ќе одвои околу 5.000 евра за решавање на проблемот со кучињата скитници низ градот. На седницата на кавадаречкиот Совет беше усвоена програмата за заштита и благосостојба на уличните кучиња, со што тие ќе се заловуваат, ќе се кастрираат и обележуваат со микрочип.

Во случај на заразна болест, предвидена е еутаназија на хуман начин. Контролата на квалитетот и исправноста во извршувањето на обврските на општина Кавадарци, согласно Закон за заштита и благосостојба на животните и годишната програма ќе ја врши инсепкторатот од Агенцијата за храна и ветеринарство, а контрола над спроведувањето на мерките пропишани во програмата ќе врши општината.

Мерките ќе ги реализира ЈП Комуналец во соработка со регистрирани прифатилишта. Бездомните кучиња ги има во голем број во Каваадрци. Во повеќе наврати граѓаните апелираа за решавање на проблемот, бидејќи се плашеле да ги пуштат сами на училиште помалите деца, од глутниците кои лутаа низ улиците.

В.К.

 

Поврзани новости