Докторот Бобан Вучевски вечерва за физичката пресметка во тетовската болница рече дека двете лица биле пациенти во болницата, бидејќи се лечеле од повреди кои претходно во текот на денот ги добиле од меѓусебната пресметка. Рече дека двајцата повредени се во критична состојба и се испратени на скопските клиники.
„Во 18 часот дошло до тепачка со огнено оружје, при што биле повредени две лица и тоа наши пациенти. Едниот беше во покритична состојба, интервениравме и со екипа за реанимација и анестезија беше префрлен на Клиниките во Скопје. Вториот пациент, исто така повреден, е во постабилна состојба. Нашите торакални хирурзи му поставија торакален одвод за да го стабилизираат и исто така беше испратен на Клиниките „Мајка Тереза“ Скопје“, вели д-р. Вучевски.
За тоа дали пресметката била внатре во болницата, д-р Вучевски потврди и истакна дека нема други повредени во пукотниците.