460 милиони долари донација од Биј Гејтс за американските локални училишта

by fokus

Фондацијата на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс ќе донира 460 милиони долари за програми кои во наредните пет години ќе им помогнат на сиромашните и маргинализирани ученици да се запишат на колеџ во САД.

„Бил и Мелинда Гејтс“ фондацијата најави дека во првата фаза речиси 100 милиони долари ќе бидат инвестирани во 19 средношколски програми во сиромашни заедници во 13 сојузни држави.

Грантовите ќе го опфатат секој сегмент од процесот на запишување во колеџ, од подобрување на академските знаења по математика или англиски јазик, до одредени вештини, како што е процесот на апликација на колеџ.

Бил Гејтс и претходно инвестираше во образованието на САД. Од 1998 до 2018 година неговата фондација издвои 1,6 милијарди долари за студентски стипендии. Тој донираше и компјутери и пристап за интернет во околу 10.000 библиотеки во сиромашни заедници ширум САД.

Поврзани новости