Поради инаетот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, половина град не функционира, велат од СДСМ

by Fokus

„Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска, Град Скопје е пред банкрот, со нефункционални јавни претпријатија и со сообраќаен хаос што од ден на ден станува се поголем“, реагираат од СДСМ.

„Откако се запали мостот „Беласица” половина град функционира само преку еден мост, а градската власт на ВМРО-ДПМНЕ молчи и не кажува дали ќе преземат нешто и до кога ќе трае санацијата на мостот што ги поврзува Нова Железничка и поранешен Саем, еден од најважните мостови во Градот.

И додека мостот е затворен, граѓаните кои живеат во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Чаир патуваат со часови од и до своите работни места.

Ако не беше инаетот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, ако го довршеа мостот на булевар АСНОМ, сега граѓаните од тој дел од градот ќе имаа соодветна алтернатива, а метежот кај МАНУ немаше да постои“, се наведува понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости