40 милиони евра не дошле до земјоделците

by Фокус

За пет години, преку објавени девет повици, земјоделците во Македонија можеле да дојдат до 40 милиони евра, пари од европската ИПАРД програма. Знаете колку се искорстени? Не повеќе од 2 милиона евра, изјави денеска Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

– Во Европскиот Извештај е забележано дека само во 2013 година, сме можеле, но не сме искористиле 11.5 милиони евра, наменети за земјоделство и рурален развој. На објавените повици, се јавиле корисници, потпишале договори. Но пари не земале. Затоа што институциите во земјава доцна утврдиле дека имаат направено пропусти, дека не се усогласени критериумите и условите за доделување помош од ЕУ – вели Прентовиќ.

Поврзани новости