750
За пет години, преку објавени девет повици, земјоделците во Македонија можеле да дојдат до 40 милиони евра, пари од европската ИПАРД програма. Знаете колку се искорстени? Не повеќе од 2 милиона евра, изјави денеска Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
– Во Европскиот Извештај е забележано дека само во 2013 година, сме можеле, но не сме искористиле 11.5 милиони евра, наменети за земјоделство и рурален развој. На објавените повици, се јавиле корисници, потпишале договори. Но пари не земале. Затоа што институциите во земјава доцна утврдиле дека имаат направено пропусти, дека не се усогласени критериумите и условите за доделување помош од ЕУ – вели Прентовиќ.