На денешното рочиште за случајот “Рекет” беа прочитани смс пораки, од вештачењето на телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски. Јовановски комуницирал со пратеничката Фросина Ременски, со Орце Камчев, Дејан Панделевски и Катица Јанева, на мрежата „Whats App“.
Комуникацијата на Боки 13 со Ременски почнала на 24 декември 2018 година, кога Орце Камчев е во притвор за случајот “Империја”.
“Моите информации велат дека утре Апелација ќе одлучи за ослободување од притвор на Орце”, му пишала Ременски на Боки 13.
Тој пак на ова одговара: “Не”, а Ременски му возвраќа: “Дај боже”.
Понатаму таа му испраќа уште една порака, но во неа се и имињата на судиите: “Сафет, Цветанка Периќ, Јани Нича наводно утре ќе одлучуваат по жалбата на Орце, провери го ова”.
Боки возвраќа: ОК.
Комуникација помеѓу двајцата на оваа апликација има и во јуни лани, но во неа пратеничката му кажува на Боки дека на пратенички прашања во Собрание, Антонио Милошоски, поставил прашање за Коки, а дека З.З. одговарал и може да го гледа на МТВ3.
Комуникацијата на Камчев и Боки 13 почнува на 25 февруари 2019 година.
Бизнисменот му ги испраќа поканите кои ги добил од СЈО, па прашува: ” Не ли завршија”?
Потоа Камчев му испраќа и линк од медиум на кој ја има веста дека е слободен и дека ќе се одлучува за пасошите.
Во март продолжува нивната комуникација, а Камчев му вели: “Лиле не мирува”.
Камчев му појаснува и што се дал под гаранција, во 2,5 милиони евра и додава “Ај провери кога ќе го пуштат мислењето”.
На крај се читаа пораките меѓу Боки 13 и Дејан Панделески, синот на Цветан Панделевски, осомничен во Империја.
На 15 јануари Боки испраќа порака со содржина “Сега ќе ги викнат адвокатите”, а Панделевски му вели “Не дава согласност Лиле”.
На 4 март 2019 година Боки добива порака во која Панделески го информира дека стигнало решението, па додава: “Уште 500 сега”.
Боки вели: ” Фала ти, ај види и за другите”.
Панделески му враќа: “Бојан ме блокира Царина, не можам повеќе“.
На 8 мај Панделески му праќа нова порака на Боки 13:” Боки од мене ќе имаш 5 М. Тоа е максимумот, му вели Панделески.
В.В.