ФОТО: Атиџе замина во Лос Анџелес по Оскарот!

by Fokus

Тимот на „Медена земја“ ги прави последните подготовски пред заминувањето во САД на доделувањето на Оскарите вo недела.

Денес нè израдува со својата посета во нашето студио за да ја блеснеме за на Оскарите. Мораме да признаеме дека таа е најпрво една прекрасна личност со голема душа и харизма и и’ ја посакуваме целата среќа на светот. Беше пресреќна од фарбањето и фенирањето и ни рече дека сега ќе може да им парира на Бред Пит и Леонардо ди Каприо. Убав помин на Оскарите, медена наша, ни беше чест што те запознавме, те чекаме со статуетка и еден куп импресии- напишаа од фризерското студио „Ив“ под објавената фотографија со Атиџе.

Поврзани новости