Дали Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), ќе биде разрешен ќе биде познато денеска, бидејќи на владина седница ќе се разгледа предлогот за разрешување кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се утврди дека со службеното полициско возило била превезувана неговата ќерка и тоа во Грција.
Иако Велковски сѐ уште не е разрешен, во јавноста веќе се шпекулира и кој би можел да го наследи. Како што неодамна објави „Фокус“, како сериозен кандидат за ова место се посочува Зоран Јовановски-Челик, кој од лани е во пензија, а целиот работен век го поминал во безбедносните служби. Како можен прв човек на БЈБ се споменува и Кире Митиќ, кој за време на техничката влада се испроба на позицијата началник на Одделението за организиран криминал.
Како што вчера истакна премиерот Зоран Заев, Велковски и да биде разрешен ќе остане да работи во МВР.
В.В.