39,7 отсто од граѓаните немаат доверба во ниту еден политичар, истражување на Институтот за политички истражувања

by Fokus

Граѓаните најголема доверба имаат во Христијан Мицковски, потоа во Али Ахмети, премиерот Димитар Ковачевски е на трето место по довербата што ја имаат граѓаните, а по него следуваат претседателот Стево Пендаровски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев. Ова го покажа анкетата на Институтот за политички истражувања, чиј програмски директор е Владимир Божиновски.

На прашањето во кој политичар имаат од 13,5 отсто од анкетираните определиле за Христијан Мицкоски, 5 отсто за Димитар Ковачевски, 2,8 отсто за Стево Пендаровски,1,5 отсто за Зоран Заев, а 6,6 проценти за Али Ахмети.

Од анкетираните – 1,1% му веруваат на Зијадин Села, 3% на Димитар Апасиев, 2,2 отсто во Билал Касами, 1,3 отсто на Африм Гаши, 3,7% на Максим Димитриевски, а 2,3 процентни поени на Никола Груевски.

Дури 39,7 отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 12,1% отсто, а 3,4 проценти се изјасниле за друг.

Доколку следната недела има избори, 20 отсто од гласачите би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ.

За Алијанса за Албанците би гладале 2,6 отсто, за Левица 3,3, отсто, 2,3 отсто за БЕСА и 1,4% за Алтернатива.

За ниту една партија не би гласале 18,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 14,6 отсто.  Одговор немале 14,7 отсто.

Ова е едно од прашањата во телефонското истражување што за сопствени потреби го спровел Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 23 и 26 овој месец, а во истражувањето се вклучени  1.112 граѓани.

 

 

Поврзани новости