Најмалку 37 лица загинаа, а девет се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во Јужна Кореја, соопштија денеска локалните власти, додека спасувачите активно трагаат по луѓето затрупани во поплавен подземен тунел.
Во Јужна Кореја е сезона на монсуните, со обилни дождови кои паѓаат во последните четири дена, кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето, како и прелевање на голема брана.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека 37 лица загинале, а девет се водат како исчезнати поради обилните дождови, од кои повеќето биле затрупани од лизгање на земјиштето или паднале во поплавен резервоар.
Неколку стотици спасувачи се обидуваат да стигнат до десетици автомобили заглавени во подземен тунел долг 430 метри во Чеонгџу, северна провинција Чунгчеонг.
Според новинската агенција Јонхап, тунелот бил потопен во саботата наутро по силна поплава.