418
Еуростат денеска објави дека 37.900 жители од Косово лани побарале азил во некоја од земјите во Европска унија и со тоа Косово е на трето место по број на баратели на азил во Унијата. Косовците најмногу барања поднеле во Унгарија и тоа 21.500.
Вкупниот број на баратели на азил во Европската унија лани бил 626.000 , односно бележи зголемување за 44 отсто во споредба со претходната година. Најголем број на барања се од Сирија, а на второто место, пред Косово, е Авганистан.
Третина од барањата се поднесени во Германија. По неа следуваат Шведска, Италија, Франција и Унгарија.