Синоќа, околу 22 часот се случил инцидент во Велес, откако 30-годишен велешанец го прободел со нож неговиот сограѓанин. Истиот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а напаѓачот бил приведен.
„На 12.08.2018 година околу 22.05 часот во СВР Велес било пријавено дека во ходник од станбена зграда на ул. „Васил Главинов“ во Велес З.A. (30) од Велес со нож го прободел П.Н. (36) од Велес, при што му нанел убодна рана во пределот под градниот кош. Повредениот П.Н. бил пренесен во Медицински центар Велес и по укажаната лекарска помош бил препратен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. З.А. бил приведен и задржан во СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, посочија од Министерството за внатрешни работи.