Прогресивен синдикат на образованието денеска побара извинување од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски поради статусот на Фејсбук дека наставниците ќе може да работат во драгстори, со оглед на тоа колкави им се платите.
-Толку ве воспитале вас па си дозволувате да ги навредувате вашите учители. Но тоа е домашно воспитание, наставникот може само да го подобри ако е добро но никако да превоспита. Партија превоспитува, а не наставник, си знаете вие убаво. Можеби е подобро, а сигурно дека е да ги повикате вашите колеги политичари да ги изгласаат законите кои ги кочите, а се во интерес на рабвониците, а после работно време да поработите во магацините на маркетите и драгсторите со нашите колеги, за да испорачате поквалитетни производи за граѓаните. Само гледајте политичарите да не наплатат патни трошоци оти на тоа вие и вашите партии ги навикнавте. Прогресивниот синдикат на образованието и наставници се навредени од вашата објава во врска со нивните примања, се вели во реакцијата,
За да се подобри статусот и достодинството на просветните работници тие бараат:
– Владата да го реализира покачувањето на платата што беше најавено пред почетокот на оваа година, а пратениците да го гласаат без одлагање, како и без одлагање да го изгласаат Законот за трансформацијата на работниот однос за 4.700 наши колешки и колеги од образованието од определено на неопределено време.
– Политичките партии да не ја мешаат политиката во образованието и да го изостават од меѓусебните препукувања.