Ибраимовски преку протест објави снимки за изборен грабеж во Шутка

by Фокус

Протестот на Ромите започна од спортската сала „Кале“, каде се паркираа неколку автобуси. Нивната бројка би била поголема доколку власта не вршела притисоци врз демонстрантите.  Крајната дестинација на протестниот марш беше Владата, каде беа објавувани неколку од снимените разговори  кои ги објавува опозицијата во изминатите неколку недели. „Бомбите“ беа за изборните нерегуларности во Шуто Оризари и како владејачките партии краделе гласови.

На една од снимките што пред Владата ја обелодени ПЦЕР, се слушна како Јанкулоска тврди дека добро ја завршиле работата во Шутка и во Куманово. И кажале како некоја Ромка, вработена во МВР, се понудила за пари да го намести Самка Имбраимовски во каква ситуација сакаат за тие да можат да сликаат.

На други снимки се слуша како Јанкулоска Ромите ги нарекува Цигани и вели „само да не добијат во прв круг, а во вториот, ако треба за уши ќе ги носат на гласање“. Лидерот на ПЦЕР Ибраимовски изјави дека е време Владата да падне а Ромите да не користат за поткусурување и да се дискриминираат.

„Народот повеќе не е со вас. Но, најсилната „бомба“ е социјалната бомба. Кога таа ќе експлодира, нема да остане ништо од вас. Заминете, народот не ве сака“ – рече Ибраимовски.

Поврзани новости