Граѓани со протест повикаа да не им се наплаќа за парно оти не користат топлинска енергија

by Фокус 16:13
16:13

Група граѓани протестираше пред Регулаторната комисија затоа што БЕГ им наплаќа за парно, а при тоа тие не користат топлинска енергија. Според нивните изјави такви се 16 илјади семејства во Скопје. Тие најавија дека секоја сабота ќе излегуваат се додека компанијата не ги повлече нивните сметки, однодно не престане да им наплаќа за цевките кои минуваат низ нивните станови и пренесуваат топлина кон другите станбени единици.

 

- Advertising -

На граѓаните им се приклучи и невладината „Цивил“ која исто така укажа дека БЕГ незаконски им наплаќа за парно на граѓаните кои не го користат.

Поврзани новости