451
Прилепчанец на возраст од 32 години е пронајден починат во една од ќелиите на притворското одделение во Казнено – поправната установа „Затвор-Прилеп“. Случајот вчера во 10.30 часот во полиција го пријавил вработен во затворот.
Според полицијата Р.Н.издржувал мерка притвор. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Неофицијално починатиот се обесил, а го нашле цимери од ќелијата кога се вратиле од прошетка.