213
Триесетгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од жена во трговски центар во централното градско подрачје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 февруари во 18:35 часот во СВР Скопје, Е.Б. (30) од Скопје пријавил дека по претходно недоразбирање бил нападнат од женско лице.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.