ЕУ не смее да добие тројански коњ со проширувањето – нема политичка волја за гласање со квалификувано мнозинство се уште. Ваква порака испрати еврокомесарката Марта Кос, на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија.
Според Кос, има 5 клучни елементи во проширувањето, а првиот е дека не треба да има кратенки за реформите. Порача дека ЕУ треба да биде осигурана од чекори наназад и предложи – новите договори за пристапување, да содржат посилни заштитни мерки за почитување на фундаменталните вредности. Најави дека Црна Гора би можела да биде првата со таков нов вид договор.
Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции остануваат темелот на проширувањето. Целосното членство во ЕУ никогаш не смее да биде на штета на тие темелни вредности. Второ, без тројански коњи. Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата научена од 2004та е дека треба да имаме заштитни механизми кои ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата е заштитен дури и по 5, 10 или 20 години подоцна.
Кос изјави дека ЕУ треба да се подготви за проширувањето, но и да ги награди кандидатките кои ги исполнуваат реформите. На прашање за гласање со квалификувано мнозинсто, еврокомесарка Кос порача дека новата методологија остава простор за вето на секој чекор и дека Комисијата се обидела да го стави на маса предлогот за гласање со квалификувано мнозинство, но се уште нема политичка волја меѓу членките.