На осомничениот за масовно убиство во Младеновац и Смедерево му е одредена мерка притвор од 30 дена, потврдија за РТС од Вишото јавно обвинителство Смедерево.
Осомничениот за масовното убиство во околината на Младеновац и Смедерево во саботата го признал извршувањето на кривичните дела наведувајќи, меѓу другото, дека со употреба на автоматска пушка и пиштол пукал во неколку лица на три локации, на територијата на Смедерево и Младеновац – во Мали Орашје и Дубона.
Тој пукал во група што не ја познавал, за, како што изјавил, да го исплаши населението, соопшти Вишото јавно обвинителство Смедерево.
Осомничениот У. Б. е обвинет дека на 4 мај во доцните вечерни часови на територијата на Смедерево и Младеновац убил осум и се обидел да убие вкупно дванаесет други лица со истрели од автоматско оружје.