500
Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на големата граѓанска прослава ,,Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, во Битола, соопштија денеска од Влада.
-Во 21:15 часот, пред хотел „Епинал“ во Битола, премиерот Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите, информираат од Владата.
Во Битола според програмата ќе настапат неколку локални диџеи и Дуке Бојаџиев.
Освен Битола, прослава за поканата од НАТО ќе има во уште 14 градови низ Македонија.