516
Откако во текот на вчерашниот ден имаше информација дека цената на струјата се намалува за 0,1%, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, иронично преку фејсбук статус забележа дека конечно оваа Влада има за што да се “пофали“.
-Денеска силно одекна новото намалување на струјата за цели 0.1%, но секако тоа се темели на економските ,,постигнувања,, на оваа влада. Очигледно добиваме ист сооднос, економскиот раст на оваа влада е 0.1% и веднаш спиралата почна да врти и струјата се намали индентично за неверојатни 0.1% !!!, напиша тој на Фејсбук.
Тој и порача на власта да престане да си игра со интелигенцијата на граѓаните, како и дека веќе ништо не им поминува.