548
Пратеникот Антонио Милошоски алудира дека кртот во МВР кој откри дека ќерката на директорот на БЈБ, Лазе Велковски, патува на одмор со службениот автомобил на татко и, е од редовите на СДСМ.
„Директорот на БЈБ, Велковски, заслужи разрешување. Но, прашањето е кој го намести? Веројатно некој од внатре, негови или соработници на министерот кои можеле да знаат каде е неговиот телохранител, да го следат и уредно да го фотографираат. Борбата во @SDSMakedonija ќе се води преку МВР!“, напиша на својот профил на „Твитер“ поранешниот министер за надворешни работи и актуелен претседавач на собраниската Комисија за надворешна политика.