Вкупно 29 ученици од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес изведуваат практична настава во фабриката БРАКО. Учениците кои се запишани на смеровите „техничар за производно машинство“ и „заварувач“, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ. Притоа, се обучуваат да ја применуваат и најсовремена технологија која компанијата редовно ја обезбедува во своите погони.
Веќе трета година БРАКО е вклучено во проектот ,,Дуално образование”, кој овозможува теоретска и практична настава, и кој од стопанството се смета за вистински чекор кон создавање на добро обучени и остручено кадри за кои индустријата има потреба.
„Проектот за дуално образование“ се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство.
ПР текст