509
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски во гостувањето вечерва во „Вин Вин“ на Телма кажа дека дојавите за поставени бомби во скопските училишта се грозен чин и веројатно дел од хибридни напади.
„Ќе се анализираат причините и ќе дознаеме зошто се тие закани. Дали се политички, геостратешки или бизнис. Ги знаеме мејловите, знаеме од каде се пратени. Ги знаеме точните податоци и работиме за да дојдеме до сторителот“, кажа Спасовски.