327
Во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возач.
Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури со 70 километри на час над дозволеното.
Притоа 150 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.