„27 април“: Се прегледуваат снимките од телевизиите

by fokus

Со прегледување видео снимки од телевизиските куќи денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Обвинителката Трајчевска пред почетокот посочи дека сите тв камери направиле записи од по неколку часа од Собранието, но за потребите за дневниците и програмите се искористени многу помал дел, поради што времето на видеата не одговараат со реалното време.

Првата тв снимка се гледа како влегуваат групата граѓани и полициски службеници по главните скали во Собранието. Толпата носи знамиња и извикува Македонија, Македонија!

Од кадрите пред Собранието се гледа дека веќе е стемнето, луѓето се пред главната врата и слободно се движат и влегуваат внатре поголема група луѓе.

Од снимката се гледа возило на брза помош како се обидува дс дојде до задниот влез, но кое не може да се пробие до Собранието, и откако е спречено од граѓаните се повлекува. Потоа се гледа друго амбулантно возило и како во него внесуваат на количка повреден. Цело време околу има граѓани.

Поврзани новости