Тодоров: Со Хан разговаравме за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ преку промена на статутот

by fokus

Утрово остварив средба со Евро Комесарот Г-динот Јоханес Хан, на која разговаравме за евро-перспективите на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ и за заканите и притисоците со кои се соочуваат сите оние кои мислат поинаку од актуелното раководство на партијата, напиша екс министерот Никола Тодоров на својот фејсбук профил, по средбата со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за време на самитот на ЕПП во Хелсинки.

Како што вели Тодоров од двете страни била изразена силна подршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ.

„Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија. Од страна на Евро-Комесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат, и беше изразена јасна подршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија“, напиша тој.

Поврзани новости