24-годишно момче почина играјќи фудбал во Кисела Вода

by fokus

Дваесет и четиригодишниот Драган Крстев почина вечерва откако му се слошило додека играл фудбал во Кисела Вода. Навивачката група Комити, чиј член бил, се прости од него.

-Нашиот пријател и другар – Драган Крстев, вечерва ненадејно го напушти овој свет. Голема трагедија и огромна загуба. Драган беше поим за верност и знаеше како треба да се сака еден клуб. Сочувство до неговата фамилија и најблиските. Почивај во мир, пријателе, стои на Фејсбук страницата на Комити Кисела Вода.

Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш било повикана брза помош. Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Поврзани новости