581
Пакистанез на возраст од 23 години го изгуби својот живот на пругата во општина Градско откако бил прегазен од воз.
„На 19.09.2019 во 18.40 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во близина на с.Ногаевци, општина Градско, удрил во А.И.(23) од Пакистан, кој починал на местото. Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес“, соопштија од полицијата.