220 невработени ќе поминат обука за Јава програмери преку грант на ИПА

by fokus

Вкупно 220 невработени на возраст до 29 години ќе поминат обуки за Јава програмери и софтвер тестери. Овие професии се барани на домашниот и странскиот пазар поради што квалификациите и сертификатот со кои ќе се стекнат младите треба да им помогнат да се вработат.

Европската унија преку ИПА инструментот обезбеди 18, 3 милиони денари, како директен грант на Агенцијата за вработување.

– Многу е важно младите да се вклучат во овие обуки бидејќи овие програмски пакети што се нудат со проектот ќе дадат можности тие да инвестираат во себе, но исто така овие програмски пакети кои се нудат на пазарот на трудот во вид на обука се побарувани на пазарот на трудот и со таа понуда ќе можат многу полесно да бидат вработени- изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на денешната прес-конференција.

Поврзани новости