Заев се сретна со помошникот на Столтенберг, кој пренел охрабрувачка порака до Владата

by fokus

Премиерот  Зоран Заев, попладнево се сретна со помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Илдем Тачан, придружуван од шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, Горазд Бартол.

Високиот претставник на НАТО, Тачан, пренесе силна охрабрувачка и поддржувачка порака од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг до премиерот Заев и до новата Влада, велат од владината прес служба.

-За краток период направен е напредок за Република Македонија кон евро-интеграциските процеси и стабилизација на државата на мирен, демократски начин. Генералниот секретар Столтенберг ви честита и го охрабрува начинот на којшто сте посветени на реформите. Ве уверувам, ве поддржуваме во НАТО аспирациите, е пораката што ја пренел помошник генералниот секретар Тачан.

На средбата е констатирано дека Планот 3-6-9 на којшто се обврза Владата за спроведување на итните реформски приоритети, ќе донесе резултати во евроинтеграциите, но коишто се подеднакво значајни и за НАТО интеграциите.

Поврзани новости