Најмалку 220 луѓе се убиени во племенските конфликти во Судан кои траат веќе два дена, соопштија денеска локалните власти.
Конфликтот во провинцијата Син Нил, која се граничи со Етиопија и Јужен Судан, повторно избувна на почетокот на овој месец поради спорот за земјиштето меѓу племето Хауса и народот Берта.
Тензиите ескалираа во средата и четвртокот во градот Вад ел-Махи на границата со Етиопија, соопшти Министерството за здравство на Синиот Нил.
Се верува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи медицинските екипи не можеле да стигнат до местото на судирите.
Десетици луѓе се повредени.
– Сите губат во такви конфликти. Се надеваме дека тоа ќе заврши наскоро и никогаш повеќе нема да се повтори. Но, потребни ни се силни политички, безбедносни и цивилни интервенции за да се постигне таа цел, соопшти суданското Министерство за здравство.