Чоловиќ Лешоска: Животната средина е прашање на нашиот опстанок

by fokus

Ана Чоловиќ Лешоска од здружението Екосвест вечерва се обрати на Иницијативниот одбор на „Твоја партија“ и порача дека не смееме да каскаме зад светот во однос на екологијата.

-Мојот личен шок секогаш било кога политичарите ќе кажат дека не можат да се грижат за животна средина, туку ќе зборуваме за економија. Тоа е прашање на нашиот опстанок во нашата држава. Македонија забавено ги применува законите и сме едни од последните држави кои не прогласуваат заштитени подрачја. Шумите се сечат, и резултираме со голи брда, ерозии, жртви, пожари. Реформа на македонски шуми мора да има. Трансформацијата треба да се прави паралелно со светот, а не да каскаме, рече Чоловиќ Лешоска.

Ј.Ц.

Поврзани новости