Генерал Грацијано: Северна Македонија стори се што од неа беше побарано

by fokus

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано на став дека Северна Македонија сторила се што од неа е побарано за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Тој се согласува со лидерите на ЕУ, кои рекоа дека Северна Македонија направила се што било побарано од неа, но вели дека сепак одлуката ќе биде на земјите-членки, што за него како воено лице е од големо значење бидејќи земјата е дел од Европа и сторила многу.

Грацијано во интервјуто за МИА вели дека како командатот на воени сили со долгогодишно искуство на терен мошне го цени капацитетот на силите на Северна Македонија. Одблиску ги видел потенцијалите на македонските војници – соработувал со нив во мисијата ИСАФ во Авганистан  и во УНИФИЛ во Либија. Смета дека реформите во Армијата се успешни и се залага за нејзин поголем ангажман во мировните мисии, предводени од ЕУ.

Факт е вели, Грацијано во интервјуто за МИА дека земјата влегува во НАТО и во ЕУ и тоа е многу позитивно, но со тоа се менува баланост и се отвораат можностите за кибер напади. Во врска со тоа дали земјата треба да очекува зголемување на кибер напади, зголемена пропаганда или фејкс њуз пред полноправното членство во Алијансата, не дава конкретен одговор, вели тој не е разузнавач, но нагласува дека кога една земја станува дел од НАТО, добива повеќе внмание, а со тоа и можност за дополнителни кибер напади.

-Кибер нападите се случуваат секој ден, секој момент, секоја секудна и мора да инвестираме константно, постојано. Ние постојано сме во војна, во различни видови на војна, но сме постојано во војна . Ако станете дел од НАТО ќе добиете повеќе внимание и може да добиете дополнителни кибер напади, бидејќи делите воени информации со останатите земји од НАТО. Знаеме кога мисијата Софија замина на море со бродови ние мораше да се штитиме и од кибер напади, професионално е да се развиваме. Еден дел од професионалноста е и да внимаваме кога зборуваме на телефон, мора да имаме предвид дека можеби некој прислушува, можеби и не прислушува. Но колку сте поважни во системот толку е поголема можноста да ве прислушуваат, истакнува генералот Грацијано во интервјуто за МИА што во целост ќе биде објавено утре заедно со видео материјалот од разговорот.

Поврзани новости