Климент Арнаудов, активист за заштита на животните нуди награда од 200 евра за секој кој има информација која ќе го доведе до откривање на личноста која со секира расецпи глава на куче во Охрид.
Повредениот пес утринава бил забележан како исплашено лута по улиците во Охрид, а потоа бил фатен од страна на хумани граѓани и пренесен во ветеринарна амбуланта, каде ќе биде подвргнат на операција.
Во рок од една недела, ова е втор случај на удар на куче со секира. Првиот се случил во Скопје, а исто така и во Драчево жителите пријавиле случаеви на измачувани и ѕверски убиени мачиња.
-Ова е втор случај на удар со секира во рок од недела дена, за оној првиот во Скопје уште изостанува истрага и евентуално осомничено лице, и тоа само кажува дека злото од овој вид се толерира и поттикнува од државата и нема да е далеку денот кога и уште еден ваков случај ќе посведочиме (да не зборувам за двата случаи во скопско Драчево на сечени мачиња на пола). Воедно, замолувам за доверлива информација (случајот ќе го пријавам лично самиот, па нема да ве изложам на ризик ако се плашите) доколку знаете кој ова му го учинил и би идел до крај за да овој монструозен лик не помине само со парична казна но и да полежи в затвор (законот за заштита и благосостојба на животни и кривичниот закон тоа и го налагаат). Не е далеку и денот кога таа секира и кон човек ќе ја насочи, психата човечка е таква – апелира на социјалните мрежи Арнаудов, потенцирајќи дека се нуди награда од 200 евра за секаква информација за сторителот на оваа монструозност.
Тој додава дека ќе биде поденсена пријава против непознат сторител.
Вики Клинчарова