20 години од атентатот врз Глигоров

by Фокус

Денес навршуваат 20 години од атентатот врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.

Aтентатот беше извршен со автомобил–бомба „Ситроен ами 8“, активирана во моментот кога возилото на Глигоров се движеше од претседателскиот кабинет до парламентот.

Тој го преживеа атентатот со тешки повреди, додека на самото место загина неговиот возач Александар Спировски, а повреден беше неговиот телохранител Илчо Теовски.

Подоцна, на повредите им им подлегна и Ристо Хаџиманов, кој бил случаен минувач.

Истрагата спроведена од македонските служби за безбедност до денес не резултирала со откривање на нарачателите и извршителите на атентатот.

Поврзани новости